Прва прес конференција за проектот „Стратегија на општина Делчево за соработка со граѓанскиот сектор„ IPA-2015/381932-12

  Во рамките на проектот„Стратегија на општина Делчево за соработка со граѓанскиот сектор„ во организација на здруженијата Регионален центар за застапување Делчево и Општина Делчево, на 27.02.2018 год. беше спроведена Првата прес конференција  за информирање на граѓаните за процесот за изработка на Стратегијана општина Делчево за соработка со граѓанскиот сектор, а е во рамките на партнерскиот проекто „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новооснованите граѓански организации“, чии спроведувачи се ПРЕДА плус, Скопје и Arbeiter-Samariter-Bund, Германија.

Присутните претставници од граѓанските организации беа запознаени со целите, активностите и очекуваните резултати од проектот и беа информирани за начинот на спроведување на процесот за изработка на стратегијата, со цел на транспарентен начин и преку вклучување на сите заинтересирани страни да се изработи овој значаен документ.

Исто така, присутните беа информирани за следните активности кои се предвидени во проектот, со цел присутните од сите активни граѓански организации на локално ниво да земат учество, со што ќе придонесат за успешна реализација на проектните активности и постигнување на резултатите.

На настанот присуствуваше и Градоначалникот на Општина Делечво, Горан Трајковски, кој ја поздрави оваа активност и посака нејзина успешна реализација, како и подобрена и зголемена соработка на општината со граѓанскиот сектор со изработката на стратегијата. 

Проектот е финансиран од Европската Унија. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)