
За поголема видливост и за пошироко информирање на граѓаните на Делчево во рамки на проектот „Интернет суерхерои“ се изработија 50 постери за најава на неделната кампања кои беа поставени на различни локации во Делчево. Едукативните флаери пак, 500 на број се изработија во соработка со медиумот партнер – ТВ Стар и содржеа основни информации за справување со лажните вести. Во прилог може да го погледнете едукативниот флаер кој содржи основни чекори за медиумска писменост и совети за препознавање лажни вести во медиумите.