Проектни резултати – Интернет суперхерои

Почитувани,

Регионалниот центар за застапување – Делчево во рамки на проектот „Интернет Суперхерои“, кој го имплементирше во соработка со Фондацијата Метаморфозис и Евротинк, а финансиран од Европската Унија, во периодот до 1 ноември 2019 година до 31 март 2020 година спроведе низа активности чија цел беше да се подигне свеста кај граѓаните, со посебен фокус на основците и средношколците, за медиумската писменост и справувањето со лажните вести.

Согласно планираното, со завршувањето на активностите во месец март предвидено беше одржување на завршна прес конференција на која пред јавноста ќе бидат презентирани постигнатите резултати од имплементацијата на проектот. Меѓутоа, поради моменталната состојба во државата предизвикана од Ковид -19 вирусот нема да бидеме во можност да ја одржиме конференцијата за медиумите и заинтересираните страни преку личен контакт. Токму затоа во прилог на ова соопштение Ви ги пренесуваме постигнатите резултати од овој проект.

  • Постигната е видливост  и препознатливост на проектот во регионот преку медиумска промоција со медиумот партнер, со цел подигање на јавната свест кај граѓаните во борбата против лажните вести.
  • Изработени се пет емисии  кои вклучуваат различни аспекти на темата медиумска писменост и се наменети за различни целни групи и граѓани. Вклучени се експерти од различни области и со едукативно богата содржина.
  • Подготвени се постери и едукативни флаери наменети за граѓаните за поголема вклученост во проектните активности, но и за понатамошни активности
  • Одржана е неделна кампања со теми наменети за медиумска писменост и и лажни вести за првпат во Делчево со најава да стане традиционален годишен настан, спроведени беа работилници со основци и средношколци, се оргаинзираше проекција на филмови за медиумска писменост, се вклучија голем број граѓани и поделени беа 500 едукативни флаери за подигање на јавната свест.
  • Реализирани се сите предвидени проектни активности и постигнати зацртаните цели и резултати во зададениот временски рок.  

Истовремено, предизвикан е голем интерес кај целните групи особено кај учениците и наставниците како и активно вклучување во сите активности, со идеи и понатаму да се продолжи со вакви и слични иницијативи.

Сите детални информации за спроведените активности се поставени на официјалната веб страница на Регионалниот центар за застапување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)