РЦЗ започна со имплементацијата на проектот „Интернет Суперхерои“

Со низа активности предвидени во проектот „Интернет суперхерои“, РЦЗ се вклучува во борбата со лажните вести и дава свој придонес во медиумската писменост во рамките на Деновите на медиумската писменост кои во нашата држава се спроведуваат во периодот од 22 октомври до 15 ноември, со посебен фокус на Делчево.

Денеска во ООУ „Ванчо Прке“ се одржа јавна презентација на проектот „Интернет суперхерои“, кој ќе се имплементира наредните 5 месеци со можност делчевци да се вклучат во различни работилници, кинопроекции, инфоденови, дебати, советувања и други настани кои обработуваат различни аспекти од медиумската писменост. Медиумски партнер на проектот е регионалната ТВ Стар, а проектот предвидува подготовка на 5 емисии од различни аспекти на медиумската писменост, изработка на промотивен материјал, како и организација на неделна кампања „Интернет суперхерои“.

Потребата да се работи на ваков проект произлегува, пред сѐ, од големиот број лажни вести и пропаганда со што паралелено се зголемува и потребата од медиумски писмени граѓани кои критички ќе ги оценуваат медиумските содржини.

  • Во регионот има млади со вештини на техничко ниво, знаат да работат со компјутер, да пишуваат документи, да пребаруваат на интернет, но со нив дополнително треба да се дискутира како се раѓаат и пишуваат вестите, како се декодира конкретна содржина, како да се заштитат од сајбер-насилство или како се одредува лажна вест. Образованието, односно училишните клупи се најсоодветното место за градење аналитичко размислување, препознавање на лажните информации и логичките грешки. Со активни и медиумски писмени млади луѓе ќе дојде до генерации кај кои пропагандата ќе има мало влијание. Токму затоа овие денови на медиумска писменост во Делчево почнуваат од училиштата.

Денешната конференција беше наменета и отворена за сите заинтересирани граѓани, ученици, просветни и медиумски работници кои сакаат да се вклучат во заедничкото работење за зголемување на свеста за медиумската писменост и справувањето со лажни вести. РЦЗ проектот го имплементира во соработка со Фондацијата Метаморфозис и Евротинк, а финансиран од Европската Унија, а поддршка има и од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)