Се изработува веб платформата за иновативен пристап во учењето на делчевските средношшколци

Во рамки на проектот „Дигитална писменост за иновативен пристап во учењето“ кој РЦЗ го спроведува од почетокот на годината, во тек е изработка на веб платформата во насока на подобрување на учењето на средношколците од општината. Во соработка со СОУ М.М.Брицо се организираа средби со раководството, професори и ученици при што беа идентификувани онлајн ресурсите кои средношколците најчесто ги користат како дополнителна литература. Од нив периодов се изврши селекција на најрелевантните кои ќе бидат поставени на веб платформата насловена како DIGITLIT ( Digital literacy). Платформата е со посебен систем за најава на учениците и професорите преку која во дигитална форма соодветно ќе се претстави датабазата од онлајн ресурси наменета за учениците. Оваа алатка ќе биде едноставна и лесна за употреба и ќе нуди можност професорите соодветно да ја надополнуваат.

Целта на проектот е развивање способност кај средношколците за користење дигитални технологии како алатки за селекција, анализа и поврзување на информации од повеќе извори и нивна употреба за подобрување на ефективноста во учењето како и подигнување на свеста на локално ниво за значењето на дигиталната писменост во рамки на секојдневна употреба на информации од дигитален формат и преку дигитални уреди. Со тоа делчевската гимназија ќе биде првата која ќе располага со ваква исклучително богата платфора која треба многу да допринесе во наставниот процес во државата.

За промоција на алатката и презентирање на проектните резултати во месец август ќе биде организирана заедничка средба за јавноста, на која ќе бидат поделени и флаери за користење на алатката.

Проектот е финансиран од ЕУ како дел од регионалниот проект „Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиумите“ кој во Македонија го спроведува Македонскиот институт за медиуми.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)