13 години Регионален центар за застапување !

Точно 16 години откако беше формиран Центарот за поддршка на невладини организации -Делчево и 13 години од своето самостојно формирање и делување, се двата јубилеи кои Регионалниот центар за застапување од Делчево ги прославува овој 26 октомври. РЦЗ е основано во 2006 година со слободно здружување на граѓаните претставници на НВО, бизнис секторот и локалната власт, и како непрофитна, невладина и непартиска организација има цел да ја продолжи основната функција која ја имаше ЦП – НВО Делчево, а тоа е зајакнување на граѓанското општество. Во оваа деценија ипол, организацијата работи на застапување и поддршка на НВО секторот за партиципирање во процесот на креирање на политики за ефективен развој на регионот што ги опфаќа општините Делчево, Пехчево, Берово, Македонска Каменица, Виница и Кочани. Мисијата на РЦЗ произлегува од потребата на организација во регионот која ќе дава поддршка за соработка и вмрежување на трите сектори во регионот за идеи и проекти, ќе ги застапува политиките и интересите на субјектите од регионот пред донатори и институции, ќе координира и информира за меѓугранична соработка, ќе едуцира и информира за Европската унија. Освен ова, РЦЗ пружа и лепеза од најразлични услуги како организирање обуки и тркалезни маси, информирање за конкурси, сала за состаноци, опрема за презентација, канцелариски услуги, превод, консултации и помош за изработка на проекти, активности за промоции на ЕУ фондови.

Имаме реализирано голем број проекти од кои најзначајни и за нас најдраги ни се Енергетско ефикасно осветлување во делот на јавното осветлување во Делчево каде користејќи донација од ГЕФ ПМГ и донација од РЕЦ македонија успеавме да ги зајакнеме нашите капацитети во Енергетската ефикасност, но и да замениме 86 живини светилки во центалното градско подрачја со натриумови светилки заедно со лустери со урбан изглед изработени од ковано железо. Исто така заменивме и 131 светилка на булевар Македонија и ул М.М.Брицо во Делчево кои исто така беа живини и застарени со нови натриумови светилки и нови тела. Успеавме први во општината да ја предвидиме и да ја започнеме оваа активност како европски тренд со што придонесовме до заштеда на буџетот на општината, намалување на емисијата на СО2 честички во воздухот. Тоа беше 2008 – 2009 година.

Во 2016 година успеавме преку програмата на УСАИД имплементирана од Милиеуконтакт Македонија да ја изработиме првата општинска стратегија за климатски промени (десетгодишен документ) и да обезбедиме околу 60 000 УСД за имплеметација на првиот приоритет од акцискиот план на овој документ. Тоа беше изградба на атмосферска канализација на ул „Питу Гули“ во Делчево, прва атмосфеска канализација во нашата општина. Овде и општината ни даде огромна поддршка и финансиско учество. РЦЗ го организираше првиот ЛИДЕР фест во Р.Македонија со финансиска поддршка од Мрежата за рурален развој на Р.Македонија. Исто така преку два проекти на Швајцарската агенција за развој и соработка имплементиравме два проекти во Делчево и тоа Пешачката патека на левата страна на реката Брегалница во должина од 520 метри како и информативни табли за биодиверзитетот во самото течение на река Брегалница во општина Делчево и и вториот проект за енергетска ефикасност на ОУ „Ванчо Прке “ во Делчево каде се поставени 7 колекторски системи за добивање на топла вода од сончева енергија, која топла вода ке служи за подигање на хигиената во училиштето а воедно ке прави заштеда на елекрична енергија во училиштето.Со овој проект е напрваена и замена на секундарната инсталацијата за вода во спортската сала и во дел од санитарните јазли на училиштето со замена на дел од цевките и чешмите во училиштето.

Сме работеле и на помали, но не и помалку значајни проекти кои исто биле од клучно значење. Организирани се обуки од различни области, работилници за млади, инфо денови, кампањи, а континуирано ги зајакнуваме нашите капацитети, но и капацитетите на останатите организации и институции и секогаш стоиме на располагање за застапување и поддршка на НВО секторот во процесот на креирање политики за ефективен развој на регионот. Така ќе биде и понатаму.

Изминатата 2018 година имплементиравме два знајачни проекти, едниот за промоција на стандарди за БЗР во Источниот регион и другиот преку кој се изработи првата стратегија за соработка на граѓанскиот сектор со Општина Делчево. Оваа 2019 година ја завршуваме со два успешни проекти, Едукативен центар за БЗР во Источниот регион (преку кој се формираше и првата регионална мрежа за БЗР) и стратегија за надворешна комуникација на општина Делчево. 2019 година ќе ја заокружиме со почеток на уште еден проект за кој ќе информираме наскоро. Целиот тој труд во март годинава беше награден со плакета за најдобра организација во невладиниот сектор во Источна Македонија.

Благодарност до сите наши поддржувачи и граѓани досега. И понатаму ќе се трудиме да придонесуваме за нашиот град.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)