
Почитувани,
Во рамки на проектот „Регионално поврзување и заедничка примена на концептот за зелена економија“ кој го спроведува РЦЗ, организираме консулстативна средба на 08.10.(четврток) во просториите на РЦЗ со почеток во 11:00 часот. На средбата стручно лице ќе сподели знаења и искуства за примената за зелената економија како концепт важен и за работата на НВО секторот.
Вашето присуство може да го најавите на следниот мејл: rczdelcevo@gmail.com
*Согласно Планот на Владата за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот, РЦЗ во целост ќе го примени донесениот протокол за одржување обуки, со што учесниците ќе бидат заштитени во текот на нивното времетраење.Со почит, Регионален центар за застапување Делчево