
Видеото е изработено во рамки на проектот „Регионално поврзување и заедничка примена на концептот за зелена економија“ кој го спроведува Регионалниот центар за застапување – Делчево, финансирано преку ЕУ . Промотивното видео е наменето за граѓаните од регионот со посебен фокус на компаниите и помладите генерации за кои е тренд отворањето на зелени работни места. Видеото опфаќа автентични снимки од регионот и факти за овој тип на работни места како и за бенефитот кој истите го носат за развој на локалната и зелената економија.
