Регионалниот центар за застапување (РЦЗ) ги поканува сите заинтересирани субјекти да учествуваат во постапка за избор на експерт за одржување на две обуки. Предмет на работа се две основни обуки за граѓанските организации и компаните од регионот за значењето и примената на зелената економија во нивното секојдневно работење.
Постапката се спроведува во рамките на проектот „Регионално поврзување и заедничка примена на концептот за зелена економија“, финансиран преку ЕУ, а спроведуван од РЦЗ Делчево. Право на учество имаат сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите наведени во ТоR-от подолу . Понудата се поднесува по електронски пат.
Рокот за доставување на понудите е 1 Октомври 2020 г. (четврток).