Членови на РЦЗ развиваат нови дигитални вештини за работа со млади преку Еразмус

Двајца претставници на РЦЗ во моментот се дел од обука во рамки на проекотот „Нови дигитални вештини за работа со млади“ која се одржува од 18-24 Јули во Софија, Р. Бугарија заедно со млади од Унгарија, Шпанија, Турција,Италија, Австрија, Данска, Естонија, Полска, Украина, Латвиа, Литванија, Романија, Грузија и Португалија. Во текот на неколкудневната обука тие ќе имаат можност да развијат нови дигитални вештини , да ​​споделат добри практики за справување со негативните последици што произлегуваат од рестриктивните
применети мерки за справување со кризата КОВИД-19, да ги подобрат личните вештини, јазичните, социјалните и комуникациските. Потоа, да споделуваат европски вредности, да ја разберат културната разновидност и да се запознаат со сите можности кои ги нуди Еразмус + програмата.

Нивните искуства по обуката тие ќе ги споделат и со останатите членови на РЦЗ кој оваа година е партнерска организација на два проекти финансирани преку Еразмус програмата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)