Заеднички во борбата против гладот во регионот

РЦЗ заедно со Банка за храна веќе неколку години наназад активно се вклучува во борбата со гладот и сиромаштијата преку активности за подигнување на свеста за редуцирање на отпадот и фрлање на храна во крајниот источен регион на државата. Со тоа и нашиот регион не е изоставен од активностите на оваа организација низ цела Македонија, чија цел е собирање, селекција и дистрибуција на прехранбени производи до ранливите категории граѓани. Сето тоа овозможува добра соработка и поддршка на заеднички проекти насочени кон намалување на гладот како најтежок вид на сиромаштија.

Во последните неколку години резултат на нашата соработка се поделени над 100 пакети со храна во Делчево и околните населени места, со што се помогна на голем број социјално загроени семејства. Во рамки на Божиќен базар во основното училиште Ванчо Прке благодарение на прехранбени продукти од Банка за храна се помогна на ученици од социјален ризик. Доказ за препознатливоста на Банка за храна во Делчево и околината е тоа што самите граѓани ја препознаваат Банката за храна Македонија како организација, граѓаните се јавуваат и имаат интерес вишоците од храна да ги донираат.

Во продолжение фотографии од заедничките активности.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)