
Соработката за заедничка иднина дава единствена можност да се изгради различен механизам за зближување на младите активисти од Македонија и Бугарија преку различни креативни активности за да соработуваат преку запознавање. Ова е идејата на проектот “Надвор од границите – обединети за промени“ кој РЦЗ го започна на 1ви Октомври со финансиска поддршка од Амбасадата на САД во Скопје. Целта на проектот е да ги зближи младите заинтересирани за меѓукултурен дијалог од двете соседни земји со цел да се разбијат стереотипите и да се спречи политичката манипулација со младите. Да им се обезбеди на младите учесници користејќи алатки и вештини стекнати во текот на проектните активности, да се воспостави мрежа на млади активни лидери кои можат да работат заедно за подобра заедничка иднина и постигнување исти цели. Да се развијат трендовски пристапи, ресурси и материјали за мобилизирање на младите луѓе да преземат различни активности на двете страни од границата. Планираните активности се и промовирање на волонтеризмот преку размена на искуства и добри практики како можност за развој на солидарност, споделување и социјална кохезија. Споделувањето на позитивни примери значи активно учество во општеството, кои придонесуваат за идејата младите да креираат сопствена иднина и развивање на толеранција меѓу младите од различни културни средини.
Проектот ќе се спроведува 12 месеци и ќе опфати неколку активности кои ќе придонесат кон остварување на предвидените резултати и цели. Активностите се отворени и наменети за сите заинтересирани млади кои сакаат да научат нови вештини, да развијат добри практики и да соработуваат со свои врсници од другата страна на границата на реални и креативни проекти.
