РЦЗ дел од овогодинешната Меѓународна Конференција за БЗР на Копаоник

Постигнатите резултати и позитивните ефекти од имплементацијата на проектот „Побезбедни и поздрави на работа, подготовка на идните работици за здрави и сигурни работни места“ беа презентирани на 6та меѓународна конференција за Безбедност и здравје при работа. Конференцијата оваа година беше насловена QUO VADIS OSHO и се одржа од 25-27 Октомври на Копаоник, Р.Србија, а главните цели на истата беа:

• Регионална соработка и вмрежување на ГО во земјите од ИПА.

• Долгорочно стратешко организациско планирање и поттикнување на нивото на вклученост и вклученост на ГО во процесот на донесување одлуки поврзани со безбедни и здрави работни услови.

• Мапирање на институционални механизми за соработка помеѓу ГО и јавните институции во регионот, со што ќе се овозможи понатамошно истражување на односите помеѓу ГО и државните институции.

Секоја земја ќе биде претставена со учесници кои доаѓаат од соодветните владини структури и граѓанското општество. Оваа конференција ќе ги вклучи релевантните клучни актери во оваа област, како што се здруженијата, претставниците на ЕУ, фокусните точки на EU-OSHA, Меѓународната организација на трудот (МОТ) и други засегнати страни.

Тематски области кои ќе бидат опфатени на конференцијата:

• Предизвиците за обезбедување на добра услуга за здравје и безбедност при работа

• Добри практики за БЗР кои се добри за бизнисот

• Предизвиците на иницијативата „Отворен Балкан“ и БЗР

• Медиумите и БЗР

• Промоција на културата за превенција

• Национални студии за БЗР

• Ревидирање на регионалната стратегија за БЗР

• Регионални предизвици за БЗР

Споеделените искуства и добри практики РЦЗ ќе ги примени во своето секојдневно работење како и во рабоата на регионалната мрежа и Едукативниот центар за БЗР кој од 2018 година функционира во рамки на нашата организација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)