Нов проект на РЦЗ – Ќе се изработува нова стратегија за Соработка на Општина Делчево со граѓанскиот сектор за периодот 2024-2028 година

Почнувајќи од месецов, РЦЗ во текот на наредните 8 месеци ќе работи на проект преку кој ќе се изработува клучен стратешки документи. Се работи за новата стратегија за соработка на Општина Делчево со граѓанскиот сектор. Проектот ќе опфаќа повеќе активности поделени во неколку групи.

Во првиот дел ќе се направи фокус– група за ревизија и евалуација на претходната стратегија, а потоа РЦЗ ќе спроведе истражување за идентификација на потребите на организациите. Процесот на креирање на новата стратегија ќе се одвива преку партиципативно учество на сите организации и претставници на општината преку 4 еднодневни работилници.

Откако ќе биде готова драфт –верзијата ќе биде презентирана пред јавноста и ќе се даде можност за коментари и сугестии од граѓаните. Целиот процес ќе биде воден од надворешен експерт. Во делот на поголема видливост на целите на проектот ќе се организира кампања со промотивно видео и подкасти за запознавање на пошироката јавност.

Проектот е финансиран преку Механизам на ЕУ за граѓанска отпорност/ „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ што се финансира од ЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)