Во тек е истражување за потребите на грѓанскиот сектор во Делчево

Во рамки на проектот „Силни организации за одржлив локален развој“ кој го спроведува РЦЗ се спроведува истражување за утврдување на потребите на локалните граѓански организации како и нивните предизвици со кои се соочуваат последните 4 години.

Целта на истражувањето, кое го спроведува надворешен експерт, е да се добие јасна слика за она што во моментот, но и во наредниот период ќе му биде потребно на локалниот НВО сектор со цел да биде поефикасен во остварување на своите цели. Главен фокус на истражувањето кое ќе се спроведува во период од два месеци е ставен на досегашната соработка која ГО ја имаат со Општина Делчево како и нивните очекувања за како да се развива таа соработка во текот на наредните 5 години.

Сите граѓански организации ќе бидат исконтактирани и со нив ќе бидат направени анкети по што ќе биде изработен извештај со конкретни заклучоци и препораки кој ќе биде достапен за јавноста.

Во прилог линкот до прашалникот.

https://docs.google.com/forms/d/1Sed92VRzSgkJGIrYKXLjPMHucuvl8gV2ycLsy3ROycE/edit#responses

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)