
Минатата недела во канцелариите на РЦЗ претставници на локалната самоуправа и претставници на граѓански организации предводени од експертот кој ќе ја подготвува новата стратегија, направија ревизија на остварувањата од претходната стратегија. Присутните дискутираа за степенот на реализација на планираните програмски активности, степенот на реализација на планираните програмски цели, дискутираа за научените лекции и на крај дадоа заклучоци и следни чекори во процесот на партиципативно креирање на Стратегијата за соработка со граѓанскиот сектор на Општина Делчево за периодот 2024 – 2028г.

Согласно формуларите за оценување кои присутните ги пополнија генерална оценка која може да се земе предвид од имплементацијата на претходната стратегија е дека и планираните активности и програмските цели се многу блиску до реализација што пак ќе се земе предвид при креирањето на новата стратегија во текот на овој месец.

