
Изминатиот викенд РЦЗ ги одржа финалните две еднодневни работилници за комплетирање на Стратегијата за соработка на Општина Делчево со граѓанскиот сектор која ќе се однесува на периодот 2024-2028 година. Присутните претставници од локалните ГО и Општина Делчево, предводени од надворешниот експерт Марио Вељковиќ го изработуваа Акцискиот план како еден од клучните елементи на стратешкиот документ. Со оваа активност се заврши активниот дел на комплетирање на елементите на стратегијата кои во наредниот период ќе бидат финализирани и документот ќе биде ставен на јавен увид за коментарите и сугестиите на целокупната јавност.



