
Во рамки на проектот „Beyond borders – uniting for change“ група од 10 млади од Македонија и Бугарија креираа 5 тандеми како креативен начин на соработка за креирање стратегии, поголема соработка, професионални можности и транснационална мобилност за млади активисти/волонтери од прекуграничниот регион. Преку развој на овие 5 транснационални тандеми каде млади од Делчево согласно нивните интереси и идеи ќе работат со млади луѓе од бугарски невладини организации на развој на иницијативи, медиумски производи, бизнис планови, образовни и интеркултурни алатки за релевантна соработка на долг рок. Секој тандем составен од двајца членови ќе развива свој идентитет и препознатливост и секој индивидуално ќе развија своја проектна иницијтива која на крајот од проектот ќе треба да биде и реализирана во пракса. Тандемите ќе имаа онлајн и лични средби, а ќе ги води модератор чија задача ќе биде да ги насочува и да им помага околу развивањето и имплементацијата на ницните иницијативи.
