Повик до контент креатори и инфлуенсери Откриј ја приказната на регионот Делчево – Благоевград
Дали сакаш да откриваш нови дестинации, да раскажуваш автентични приказни и да создаваш содржина што инспирира? Ова е твојата можност да бидеш дел од едно уникатно патување!
Ги повикуваме сите контент креатори и инфлуенсери да се пријават за учество во дводневна тура низ прекуграничниот регион Делчево – Благоевград, која ќе се реализира во текот на месец септември.
Ова патување е можност да ги доживеете природните убавини, културното наследство, локалните традиции, вкусови и автентичните приказни кои го поврзуваат регионот од двете страни на границата.
Од вас очекуваме преку вашата креативност да ги доловите уникатните места, луѓето и искуствата што го прават овој регион посебен – преку фотографии, видеа, блогови, reels или други дигитални формати.
Кој може да се пријави?
Повикот е отворен за:
- контент креатори со активни профили на социјални мрежи;
- инфлуенсери кои креираат содржина поврзана со патувања, природа, култура, гастрономија и локални искуства;
- креативци кои сакаат да раскажуваат приказни преку визуелна содржина.
Како да се пријавите?
Заинтересираните кандидати треба да испратат:
- кратко портфолио или примери од претходно креирана содржина;
- краток опис на идејата како планираат да го претстават регионот преку својата содржина
на rczdelcevo@gmail.com.
Краен рок за пријавување: 25.08.2026
Избраните креатори ќе имаат можност да бидат дел од ова посебно искуство и преку својата перспектива да ја споделат приказната за регионот Делчево – Благоевград со поширока публика.
Ве очекуваме!
#TwoRegionsOneAdventure
Активноста ја реализира Регионален центар за застапување Делчево, во рамките на проектот „Интегрирани прекугранични туристички активности во регионот Благоевград-Делчево“ (CrossTourAct), финансиран од Програмата INTERREG VI-A IPA Бугарија – Северна Македонија 2021-2027.
