Младински клуб РЦЗ-Делчево

Младинскиот клуб е инициран и формиран од млади луѓе кои сакаат и имаат потреба да ги истражуваат нивните потреби и идеи. Активно функционира во склоп на Регионалниот центар за застапување Делчево.

За разлика од формалното образование, флексибилноста на неформалното, што во последно време  дополнително го наметнува брзиот општествен развој,  го зголемува ,,апетитот,, за усовршување на младиот човек. Токму тоа неформално образование, му овозможува на младиот човек да се стекне со вештини како одговорност, превземање ризик, преговарање, дебатирање, креативност, комуникација и чувство на иницијативи и општествена свест кои се доста корисни за личниот и професионалниот развој на личноста.

Млада личност која учествува и се стекнува со неформално искуство промовира интеркултурна свест и чувство за разбирање што значи Европско граѓанство за младите луѓе.

Во склоп на Младинскиот клуб активно и долги години функционира Дебатниот клуб. Следејќи ја програмата која ја нуди Младинскии Образовен Форум – Скопје во текот на учебната година се спроведуваат преку дваесет и едно предавање кои се реализираат секоја работна недела и се систематизирани на начин да ги едуцира младите за сите елементи на дебатата и техниките на критично размислување прекуинтерактивни методи на предавање од страна на сертифицирани предавачи од МОФ. Покрај редовните предавања локалниот Дебатен клуб активно зема учество во дебатните турнири на национално и локално ниво организирани од МОФ, каде младите имаат можност да се натпреваруваат меѓусебно на теми од локално, национално или интернационално значење.

Дебатата овозможува младите да ги изградат своите индивидуални ставови базирани на објективна аргументација и знаење, а не на предрасуди и непознавање на работите. Градење на компетитивен дух меѓу младите и нивно директно учество на дебатни турнири ја развива нивната интелектуална способност за препознавање на позитивните вредности кои се стреми да ги постигне нашето општество. Техниките на јавно говорење и презентациски вештини со кои неминовно се стреми секој дебатер им помагаат на средношколците да ги промовираат своите идеи и индивидуално да се вклучат во креирање на јавниот дискур. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)