
Регионалниот Центар за Застапување од Делчево во партнерство со Регионалната комора за индустрија од Благоевград, Република Бугарија, Ве покануваат да земете учество на Завршна прес конференцијаво рамките на проектот “Ефективен тим како фактор за развој на локалната демократија и социјалната кохезима помеѓу Република Македонија и Република Бугарија” кој е финансиран од Европска Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу нашата држава и Република Бугарија CCI 2007CB16IPO007.
Завршната прес конференција ќе се одржи на 17.12.2014 година во Хотел Македонија,Делчево, Република Македонија со почеток во 16.30ч.по локално време.
Истата е наменета за претставници од граѓанските организации, јавна администрација и претставници од бизнис секторот во прекуграничниот регион и локалните медиуми.
ПОКАНА
Ни претставува особено задоволство да Ве поканиме да присуствувате на
Завршна прес конференција
во рамки на проектот „Ефективен тим како фактор за развој на локалната демократија и социјалната кохезија помеѓу Република Македонија и Република Бугарија“, кој е финансиран од Европската унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу нашата држава и Република Бугарија CCI 2007CB16IPO007.
Партнерски проект на Регионален Центар за Застапување Делчево и Регионална комора за индустријa, Благоевград
Проектот е наменет за претставници од граѓански организации, јавна администрација и претставници од бизнис секторот во прекуграничниот регион.
Место: Хотел Македонија, Делчево
Датум: 17 декември, 2014
Време: 16:30 часот, локално време
