Енергетски ефикасно училиште
Партнерски проект помеѓу Регионален Центар за Застапување, ООУ “Ванчо Прќе” и општина Делчево
На ден 22.06.2015 се одржаеднодневна обука на тема Енергетска ефикасност – сончева енергија, во рамките на проектот “Енергетски ефикасно училиште”, финансиран од Швајцарската конфедерација преку програмата за зачувување на природата во Македонија која се имплементира од страна наHelvetas Swiss Intercooperation – Швајцарија и Фармахем дооел-Скопје.
Цели на проектот:
- Преземање на енергетско ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина особено со стакленички гасови
- Добивање на топла вода за одржување на хигиената во училиштето и топла вода за лична хигиена на учениците пред се оние кои ја користат спортската сала за спорт и рекреација
- Промоција на енергетската ефикасност и промоција на проектните активности преку подготовка на промотивни материјали
Еднодневната обука на тема енергетска ефикасност – сончева енергија е една од предвиденнте активностите во проектот, и беше наменета за вработените во училиштето, родители на ученици кои учат во училиштето и членови на Регионалниот Центар за Застапување, со цел да се информираат повеќе за сончевата енергија и нејзиното искористување во различни индустрии и домакинствата.
На обуката учество земаа околу 30 учесника од релевантните институции.
Обуката заврши во 13.30 часот.