„Запознај ја Брегалница“ е новиот проект за кој што РЦЗ Делчево обезбеди финансиска поддршка ф од Швајцарската конфедерација преку програмата за зачувување на природата во Македонија која се имплементира од страна наHelvetas Swiss Intercooperation – Швајцарија и Фармахем ДООЕЛ-Скопје а во партнерство со Општина Делчево.
Проектот ќе се спроведува следните седум месеци а планирани се активности со кои ќе се изгради 500 метри долга патека долж течениоето ан река Бреагалница во централното градско подрачјена Делчево. Патеката ќе биде изградена од природен декоративен камен и ќе го носи името „патека на биодиверзитетот“ бидејќи покрај патеката е планирано и изградба на летна училницамал трибински простор на макси коритото, дваесет информативни табли на кои што табли ќе бидат застапени видови од флората и фауната карактеристични за река Брегалница во општина Делчево.
Резултатите од овој проект ќе бидат видливи и корисни за граѓаните на општина Делчево посебно за образовните институции кои ќе имаат можност на лице место ина отворен простор да ја подигаат свеста кај учениците за зачувување на животната средина и практично запознавање со видовите кои живеат во реката Брегалница.