
На 12-ти и 13-ти јуни во Општина Благоевград се одржва втората дводневна работилница на тема “ЛЕД осветлување – квалитет, ефикасност и чиста животна средина”.
Работилницата се одвиваше во два дела, односно првиот ден беше наменет за теоретскиот дел во рамките на темата, односно учесниците беа запознаени со Европската и Националната легислатива поврзана со подобрувањето на системите за осветлување во регионот, интеграција на ЕУ легислативата во националното законодавство на двете држави во областа на енергетската ефикасност, обновливи извори на енергија и емисија на стакленички гасови.
Вториот ден беше наменет за посета на објектите со енергетски ефикасно осветлување кои што се поставени и заменети во рамките на проектот.
Учесници на дводневната работилница беа претставници од општините Благоевград и Делчево, како и претставници од други јавни институции од двата региона.
Работилницата ја водеше експерт во областа на темата.
Дводневната работилница се спроведуваше во рамките на проектот “Енергетски ефикасно осветлување во регионот Благоевград – Делчево”, партнерски проект помеѓу Општина Делчево и Општина Благоеград, финансиран од Европска унија преку ИПА прекуграничната програма Македонија – Бугарија 2014-2020.
