Поделени пакети со прехрамбени артикли на социјално-ранливи семејства од село Град, Делчево

Денеска од име на здружението Регионален центар за застапување од Делчево беа поделени неколку пакети за социјално ранливи семејства од село Град, Општина Делчево. Доделувањето на пакетите во кои што се застапени прехрамбени артикли од подолготраен карактер беше направено со доставување на самите пакети до местата на живеење на овие наши сограѓани, со запазување на сите мерки за заштита од Ковит-19.

Хуманитарните пакети се обезбедени од страна на Француската и Британската амбасада во Скопје, приватната компанија Витаминка Прилеп, во соработка со Банка за храна и Општина Делчево.

Хуманитарните активности на нашето здружение ќе продолжат да се реализираат и во иднина согласно можностите и потребите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)