Нови искуства и многу младински активизам на Младински Камп Голак 2023

На 7 и 8 август на планината Голак се одржа третиот традиционален Младински Камп овојпат финансиран преку Коалицијата на младински организации СЕГА и ЕУ во рамки на проектот „Младински глас за локална акција“. 50 млади од Делчево, Македонска Каменица и Пехчево имаа можност два дена да учат за младински активизам, лидерство и добри комуникациски вештини. Да планинарат, да учат за зачувувањето на животната средина и преку заедниќка дружба да стекнат нови пријателства и да развијат нови искуства. Ментор на сесиите во рамки на кампот беше Јулијана Даскалов, додека за делот кој вклучуваше планинарски активности задолжен беше планинарскиот водич Љупчо Чучуковски.

Преку оваа активност РЦЗ го заокружува проектот чија цел беше подигнување на јавната свест и зајакнување на капацитетите на младите за волонтеризам, активизам и нивно активно вклучување во процесите на донесување одлуки на локално ниво. Во продолжение фотографии од атмосферата на кампот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)