
На 23 август во просториите на Хотел Македонија во Делчево се одржа завршна прес конференција за промоција на постигнатите резултати од проектот „Младински глас за локална акција“ кој се имплементираше во последните 12 месеци во Делчево од страна на Регионален центар за застапување. На настанот присутни беа претставници на речиси сите локални активни граѓански организации и претставници од Општина Делчево. Настанот беше проследен и од страна на локални медиуми. Проектниот координатор ги презентираше детално резултатите од секоја спроведена активност, а на присутните им беа поделени флаери кои ги содржат сите клучни информации поврзани со проектот. Најголем интерес присутните покажаа за спроведеното истражување затоа што и за НВО секторот и за општината е од клучно значење да имаат најнови податоци за состојбата со младинскиот активизам на терен и врз основа на истата да ги спроведуваат нивните понатамошни активности поврзани со млади.


