Втор транснационален состанок за проектот StEps+ од Еразмус програмата

Во периодот 9-11 Февруари, во Делчево се одржа вториот транснационален состанок во рамки на проектот Steps to Erasmus – StEps+ финансиран преку Еразмус Програмата ( KA210-YOU – Small-scale partnerships in youth). Овој проект РЦЗ го спроведува во партнерство со организациите Cultural Heritage Institute од Бугарија и INTERAKTIVA од Хрватска. Целта на проектот е креирање на програма која ќе биде наменета за сите почетници (организации, институции, поединци) кои ќе сакаат да ги направат првите чекори во проекти финансирани преку Еразмус + Програмата. Транснационалните состаноци се прават со цел да се споделат завршените обврски и да се направат планови за идните активности од проектот. Во периодот кој следува до сите засеганти страни ќе биде испратен прашалник за структурата на Програмата по што ќе биде направена финалната веризија и споделена со сите заинтересирани лица.

Проектот започна во Септември 2023 година и ќе трае до крајот на месец Август 2024 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)