Младинска Банка и Колеџ на заедницата Делчево

Што е Младинска Банка?

„Младинска банка“ е механизам за развивање на вештини, каде ефективно ќе стекнат знаења и вештини за успешна имплементација на иницијативи, прибирање средства, информирање и мобилизација на заедницата за обликување и решавање на тековните локални проблеми. Преку неа, ќе се поттикне одговорноста на младите да бидат двигатели на промени, ќе завземат значајно младинско учество како лидери, влијателни лица, даватели на услуги, истражувачи и едукатори на врсници во секое ниво. „Младинска банка“ како транспарентен механизам, отворен за сите заинтересирани граѓани е отворена врата кон директна промена на перцепцијата на младите за својата средина и промена на перцепцијата на системот кон младите, а со тоа ќе се овозможи вклучување на младите во креирањето на јавни политики на локално ниво во комбинација со филантропијата. Во Делчево активностите на Младинската Банка се водени од околу 15тина млади кои се во процес на развивање, а потоа и реализирање на идеи.

Што е Колеџ на заедницата?

Колеџот на заедницата е механизам каде граѓаните (најчесто претставници на институции и бизнис сектор)можат да идентификуваат и дискутираат за приоритетите на заедницата и да работат на подобрување и имплементирање на решенијата за истите. Во Делчево оваа група функционира со околу 15тина претставници.

И двете групи се дел од проектот „Направи Разлика“ реализиран од Фондација за развој на локалната заедница – Штип, а финансиран од USAID. Целта на проектот е сеопфатен, иновативен, одржлив локален раст и развој, преку успешен дијалог меѓу власта и граѓаните.Заедничко креирање на визија за иднината, во насока кон стратешка работа со континуиран, осмислен и инклузивен пристап за поттикнување на одржлив локален развој, добро локално владеење и создавање на услови за поактивна, поефективна и поиновативна улога на граѓаните во донесувањето и имплементацијата на законските предлози и одлуки. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)