Трета обука во рамки на проектот „Надвор од границите – обединети за промена“

Во периодот 27-19 Септември во Дојран се одржа третата по ред обука во рамки на проектот „Надвор од границите – обединети за промена“ финансиран од Амбасадата на САД во Скопје. На обуката присуствуваа 20 претставници на локални институции и граѓански организации кои имаа можност да ги прошират нивните знаења во делот управување со проектен циклус, можности и програми за финансирање на проекти во различни области и наменети за различни субјекти. Предавањата беа концепирани во интерактивна работа со групна работа, дискусии, неформални дружења.

Ова е последна активност која РЦЗ ја спроведе како дел од овој проект. Претходно се одржаа две обуки на тема „Безбедност и здравје при работа – наменето за младите како идни работници“ и „Медиумска писменост“. Како дел од проектот се одржа и традиционалниот летен камп на Езерото Сандански, а фокус на проектот беше формирањето на 5 тандеми од млади од Македонија и Бугарија кои развија 5 идеи за сопствен бизнис кои во наредниот период ќе бидат имплементирани согласно можностите на организацијата. За проектот беше изработен и посебен веб сајт – New tab (beyondborders.mk)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)