Заврши 4-от традиционален Летен младински камп

Традиционалниот летен младински камп годинава се одржа на комплексот Езеро Сандански, со учество на 30 млади лица на возраст од 15 до 30 години од Делчево, Штип, Пехчево и Македонска Каменица. Ова е четврта година по ред да го организираме летниот младински камп. Претходно беше на планината Голак, но овојпат поради прекрасните услови за кампинг кои ги имаме овде на езерото решивме да смениме локација. Организиравме сесии кои имаа за цел промовирање на волонтеризмот и сите добри вештини кои треба да го одликуваат младиот човек во ова современо општество.

Меѓу темите кои беа обработени на младинскиот камп годинава во фокус беше и темата за пожарите, кои ова лето и претходните години го зафатија регионот и државата. Младите треба да бидат свесни за овие катастрофи и последициите кои ги оставаат за сите нас. За таа цел годинава претставници на ТППЕ Делчево, пред волонтерите ја презентираа својата противпожарна опрема. Направија повеќе вежби во кои се вклучија сите учесници. Идејата е да е да го развиеме оној дух на превенција, и младите да се вклучат, да волонтираат. Тоа е секогаш она што го правиме преку нашите проекти, вклучувајќи го и овој камп.

Во рамки на активностите имавме повеќе сесии. Во креативното катче имавме крафт изработки – правевме оригами и dreamcathcers . Со претседателот на ПСК Голак, Љупчо Чучуковски имаа можност за хајкинг преку пешачење на блиските места за разгледување на природни богатства, потоа вежбаа Винјаса Јога ,а првата вечер покрај логорски оган се гледаше филм и секој си печеше кобасички за вечера. Наредниот ден со претставници на здружението Виталност зборувавме и дегустиравме за исхраната со жива растителна храна.

Рибарењето беше истотака неизоставен дел од кампот бидејќи бевме во близина на езерце за спортски риболов. Меѓу учесниците имаше многу рибари ентузијасти. Талентираните гитаристи кои беа дел од кампот направија одлична атмосфера со музика.

Активноста е дел од проектот ,,Надвор од границите – Обединети за промена”  поддржан од Амбасадата на САД во Скопје, чии претставници заедно со млади лидери од САД кои периодов престојуваат во Македонија ги посетија камперите, земајќи учество во дел од активностите предвидени со проектот. Следеше и дискусија со нив околу проектните активности, потребите и предизвиците на младите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)