
Дел од Членовите на Младинска Банка делчево денес остварија средба со градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, на кој му доставија барање за обезбедување просторија за отворање на Младински Центар.
Иницијативата произлезе од младите, а е во согласност со Законот за младинско учество и младински политики според кој освен Локален Младински Совет, службеник за млади и младинска канцеларија треба секоја општина, а треба истотака да отвори и Младински Центар како катче во кој младите од градот ќе имплементираат иницијативи од нивен интерес. Неговата работа и финансирањето согласно законот, доаѓа од општинскиот буџет, но и од надворешни донатори.
Првиот човек на општината даде позитивен одговор и ја презентираше просторијата која откако ке се опреми ќе биде ставена во функција.Опремувањето ќе биде обезбедено од проектот Направи разлика од кој е дел Младинскага Банка.
Овој проект е имплементиран од ФРЛЗ Штип финансиран од УСАИД, а РЦЗ е локален координатор.