
Согласно планот за застапување за сторијата за аерозагадувањето во регионот објавена на Локал Актив, минатата недела во Делчево се одржа заеднички состанок на граѓанските организации од регионот кои работат на полето животна средина и екологија. На состанокот присуствуваа претставници на 8 граѓански организации со кои се разговараше за проблемот со аерозагадувањето во регионот и мерките кои здруженијата може да ги преземат во тој дел. Заклучоците од состанокот се следни:
* На сите наредни повици од донаторите кои ќе бидат поврзани со заштита на животната средина или сродни теми, здруженијата да аплицираат со предлог проекти кои во фокусот ќе го имаат аерозагадувањето. Истовремено да се работи и на проекти кои имаат за цел намалување на отпадот и се друго што би можело да влијае негативно на животната средина.
* Сите настани, состаноци или средби на кои ќе присуствуваат претставници од локалната самоуправа или останати релевантни институции да се искористат за лобирање за поставување мерни станици во општините во кои ги нема .
* Потребно е редовно и транспарентно објавување на податоците за квалитетот на воздухот од страна на надлежните институции, како и олеснување на пристапот до овие информации за граѓаните. ГО да бидат тие кои ќе ги следат овие објави.
* Неопходно е да се инвестира во зелени транспортни политики, како што се поттикнување на користење на велосипеди и пешачење, како и субвенции за електрични возила.
* Потребни се поголеми инвестиции во енергетска ефикасност во домаќинствата и јавните објекти, како и субвенции за обновливи извори на енергија за намалување на зависноста од фосилни горива.
* Потребно е континуирано информирање и едукација на јавноста за последиците од аерозагадувањето врз здравјето и животната средина, како и за начините на кои секој може да придонесе за намалување на загадувањето.
* Воспоставување на постојани механизми за соработка и консултации помеѓу граѓанските организации, локалните власти и државните институции за поефикасно креирање и спроведување на мерки против аерозагадувањето.
Организациите се договорија доколку има потреба да се состануваат на одреден период и да посветат посебно внимание на подигнување на јавната свест особено пред почетокот на грејната сезона кога се јавуваат најмногу проблеми со аерозагадувањето
