
Регионалниот центар за застапување (РЦЗ) ги поканува сите заинтересирани субјекти да учествуваат во постапка за избор на експерт за креирање урбана градина на територијата на Општина Делчево. Предмет е 10 дневен процес кој ќе опфаќа дизајн на градината, утврдување локација,избор на алат и материјал и водење на процесот на терен.
Постапката се спроведува во рамките на проектот „Зелен баланс- локални акции за здрави заедници“, финансиран преку ЕУ, а спроведуван од РЦЗ Делчево. Право на учество имаат сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите наведени во ТоR-от подолу . Понудата се поднесува по електронски пат.
Рокот за доставување на понудите е 15 Август 2025 г. (петок).
