Некатегоризирано

Јавен повик за избор на модератор за завршен настан

Регионалниот центар за застапување (РЦЗ) ги поканува сите заинтересирани субјекти да учествуваат во постапка за избор на модератор на завршен настан -размена на семиња. Предмет на работа е водење на настанот со споделување основни информации за типот на автхтоните семиња во делчевско и органското производство.

Постапката се спроведува во рамките на проектот „Зелен баланс- локални акции за здрави заедници“, финансиран преку ЕУ, а спроведуван од РЦЗ Делчево. Право на учество имаат сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите наведени во ТоR-от подолу . Понудата се поднесува по електронски пат.

Рокот за доставување на понудите е 10 Декември 2025 г. (среда).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *