Во тек е подготовката на нова интегрирана маркетинг стратегија и комуникациски план
Во рамките на проектот „Интегрирани прекугранични туристички активности во регионот Благоевград-Делчево“ (CrossTourAct), во завршна фаза е процесот на подготовка на нова интегрирана маркетинг стратегија и комуникациски план, кои ќе претставуваат клучни документи за подобрување на промоцијата, видливоста и препознатливоста на проектните активности и резултати.

Стратегијата и комуникацискиот план ќе бидат изработени на три јазици – македонски, англиски и бугарски, со цел да обезбедат ефективна комуникација со сите целни групи и засегнати страни од двете страни на границата.

Документите ќе содржат анализа на целните публики, комуникациски цели, маркетинг пристапи, алатки и канали за комуникација, како и насоки за промоција на туристичките потенцијали и резултатите од проектот. Нивната примена ќе придонесе кон поефикасна дисеминација на проектните активности, зголемена видливост и одржливост на постигнатите резултати.Подготовката на овие документи претставува значаен чекор во реализацијата на проектот и ќе обезбеди стратешки пристап во комуникацијата и промоцијата во текот на неговото спроведување.
