Проект бр. BGMK0200012 „Интегрирани прекугранични туристички активности во регионот Благоевград-Делчево“ (CrossTourAct)

Код на проект:
BGMK0200012

Повик:
2021TC16IPCB006 – 2024-4

Приоритет / Специфична цел:
Приоритет 3 – Интегриран развој на прекуграничниот регион

Специфична цел:
RSO5.2 – Поттикнување на интегриран и инклузивен социјален, економски и еколошки локален развој, култура, природно наследство, одржлив туризам и безбедност во области надвор од урбаните средини

Тип на проект:
Инвестициски

Времетраење на проектот:
24 месеци

Вкупна вредност на проектот:
991.641,39 евра

ЕУ кофинансирање:
842.895,17 евра

Датум на започнување:
02.04.2025

Датум на завршување:
01.04.2027

Партнери:
Водечки партнер: Општина Благоевград

Партнер 2: Општина Делчево

Партнер 3: Регионален центар за застапување – Делчево

Партнер 4: „Здравка Чимева – Алфатур“

Краток опис на проектот:

Проектот „Интегрирани прекугранични туристички активности во регионот Благоевград-Делчево“ ќе обезбеди: Инвестициските активности во Општина Благоевград опфаќаат реконструкција и проширување на зградата на Опсерваторијата во Благоевград и нејзина трансформација во дигитален планетариум. Предвидени се внатрешно реновирање, опремување на предавална и изложбени простории, изградба на рампа и надворешен панорамски лифт. Ќе биде изграден и воден атракционен елемент – ѕвезден диск од црн гранит со претстави на хороскопските знаци – планетариум. На отворената тераса ќе биде поставена платформа за набљудување „Ѕвездено небо“. Ќе се изгради и мал амфитеатар за настани на отворено. Еко-едукативна пешачка патека ќе ги поврзува зградата на Опсерваторијата и Зоолошката градина во Благоевград.

Инвестициските активности во Општина Делчево опфаќаат изградба на спортски терен за скејтинг – Скејт парк и регулација на коритото на реката Брегалница во должина од 300 метри. Со регулирањето на речното корито ќе се уреди просторот околу реката, кој граѓаните ќе можат да го користат за различни намени.

Меки активности на проектот:
Обуки во Делчево и Благоевград, Instagram тури, Меѓународен туристички форум во Благоевград, изработка на маркетинг стратегија за промоција на туристичкиот производ, креирање на лого и слоган на регионот, концепт за туристички производ за регионот Благоевград-Делчево, дигитална мапа и дигитални туристички пакети.

Во рамки на проектот ќе бидат реализирани:

  • Реконструкција и проширување на Опсерваторијата во Благоевград
  • Изградба на скејт парк
  • Регулација на коритото на реката Брегалница во должина од 300 метри во Делчево
  • Маркетинг стратегија за промоција на туристичкиот производ
  • Лого и слоган на регионот
  • Концепт за туристички производ за регионот Благоевград-Делчево
  • Дигитална мапа
  • Дводневни и тридневни туристички пакети

Индикатори за резултати:
RCR77 – Поддржани посетители на културни и туристички локалитети: 4

RCR104 – Решенија преземени или проширени од организации: 1

Програмски индикатори за резултат:
RCO116 – Заеднички развиени решенија: 1 решение

RCO84 – Заеднички развиени пилот-акции: 1

RCO74 – Население опфатено со проектите: 109.066 лица

Сите досегашни и тековни активности во рамки на проектот може да ги погледнете на следните линкови:

Или на нашите профили на социјалните мрежи :

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)