Активности

РЦЗ домаќин на претставници од Локална акциска група од Чешка

На покана на Регионалниот центар за застапување во работна посета на Делчево престојуваа претставници на Локалната акциска група (ЛАГ) Долни Поизежи од Чешка.

Посетата беше можност за размена на искуства и добри практики во работата на локалните акциски групи, нивната улога во поттикнувањето на локалниот и руралниот развој, како и можностите за поврзување и идна соработка.

Во рамки на посетата, претставниците на ЛАГ Долни Поизежи остварија средба со градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, на која беше разговарано за значењето на ЛАГ пристапот и можностите за воспоставување и унапредување на соработката со локалните чинители.

Особено беше истакната важноста на партнерството помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор како основа за заедничко планирање и поттикнување на локалниот економски развој. Искуствата и практиките од ЛАГ-овите во земјите од Европската Унија претставуваат значаен ресурс за локалните заедници и можат да придонесат кон креирање нови можности за развој на руралните средини.

Во текот на посетата, гостите од Чешка, заедно со претставници на РЦЗ и Општина Делчево, имаа можност да се запознаат со локалните потенцијали, значајни места и институции во Делчево и околината, вклучително и историското Разловци.

Посетата претставува уште една можност за воспоставување нови партнерства, размена на знаења и искуства и отворање перспективи за идна соработка во интерес на локалниот и регионалниот развој.

Во текот на месец октомври ќе биде организирана повратна посета во Чешкиот ЛАГ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *