Ставена во функција и јавно достапна Стратегијата на Општина Делчево за соработка со граѓанскиот сектор
„Стратегијатa на Општина Делчево за соработка со граѓанскиот сектор“ беше проект кој го реализираше здружението Регионален центар за застапување Делчево и Општина Делчево финансиран од ЕУ преку Преда Плус. Истата се изработуваше изминатите 8 месеци во рамки на кои се одржаа 4 работилници, со десетина активни невладини организации од општината.
Стратешкиот документ беше усвоен и од Советот на Општина Делчево на 15-та редовна седница со што тој и официјално е ставен во функција. Јавно е достапен и мoже да се прочита и преземе на линкот подолу.
