ЕМИСИЈА: Медиумска тура во ТВ СТАР

На 31 јануари во рамки на проектот „Интернет суперхерои“ се реализираше медиумската тура како активност од која произлезе третата емисија. На оваа тура вкупно 50 ученици од Делчево вклучително и нивните ментори, проектниот тим и претставници од телевизијата се запознаа со начинот на кој работи телевизијата, како се креираат вестите и како се внимава на точноста на информациите кои ги гледаат на телевизијата. Во оваа емисија средношколците и новинарите заеднички ги споделија искуствата од средбата. Од телевизијата истакнаа дека се отворени за соработка за вакви и слични активности, додека учениците покажаа интерес во текот на образовниот процес повеќе да обработуваат теми и практично да се запознаваат со актуелностите во медиумите и интернет просторот.  

Во продолжение може да ја погледнете емисијата од посетата на телевизијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)