Активности

Прва работилница во рамки на проектот „Надвор од границите – обединети за промена“

Изминатиот викенд во Дојран организиравме рабoтилница со доста продуктивна и плодна дискусија. Младите кои беа присутни учеа за нивните права и обврски потребни за нивното прво вработување- тоа беше темата на семинарот, но истовремено и можност да се види напредокот од проектот, презентација на работата на тандемите и споделување искуства со млади од Бугарија. На наше задоволство на работилницата беа присутни и претставници од Амбасадата на САД во Скопје, Аугуста Филбин Заменик Советник за односи со јавноста и Аташе за култура и Надица Жакула Висок службеник за односи со јавноста. Работилницата ја водеше Славица Јанкова од МЗЗПР.

Со работа на тандемите и реализацијата на работилниците се зближуваат младите разговарајќи на теми поврзани со младински политики, култура, образование и потреби и предизвици на младите и од двете земји. За сите детални информации може да се информирате на веб стрницата на проектот www.beyondborders.mk

Проектот РЦЗ го спроведува од период од една година, а истиот е финансиран од Амбасадата на САД во Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *