Трет транснационален состанок за проектот StEps+ од Еразмус програмата
Во периодот 21-23 Јуни, во Осијек, Република Хрватска се одржа третиот транснационален состанок во рамки на проектот Steps to Erasmus – StEps+ финансиран преку Еразмус Програмата (KA210-YOU – Small-scale partnerships in youth). Овој проект РЦЗ го спроведува во партнерство со организациите Cultural Heritage Institute од Бугарија и INTERAKTIVA од Хрватска. Целта на проектот е креирање на програма која ќе биде наменета за сите почетници (организации, институции, поединци) кои ќе сакаат да ги направат првите чекори во проекти финансирани преку Еразмус + Програмата. Транснационалните состаноци се прават со цел да се споделат завршените обврски и да се направат планови за идните активности од проектот. Во меѓувреме изработена е тренинг програма за пишување, реализација и известување за Еразмус проекти и е претставена и интерактивно. Во периодот кој следува ќе биде организиран јавен настан во сите три држави за споделување на резултатите од проектот.
Проектот започна во Септември 2023 година и ќе трае до крајот на месец Август 2024 година.


