Младинска галерија – нова активност во рамки на „Направи Разлика“

Во рамки на проектот ,,Направи разлика” финансиран од Фондацијата за развој на локалната заедница Штип и УСАИД на 10 Јуни членовите на Младинска банка Делчево организираа настан насловен Младинска Галерија. Настанот беше од филантропски карактер, односно имаше за цел  да се соберат средства за отворање Младински центар како и за доуредување на на Градскиот парк.

Во рамки на настанот поголем број на млади од различни возрасти се собраа на пешачката патека на Кејот на река Брегалница, се со цел заеднички да се дружат, да создаваат различни ликовни творби. Младите имаат поставено кутија за донации од оние граѓани кои сакаат да помогнат за гореспоменатата цел. Направени се многу добри ликовни дела кои може да се купат од страна на граѓаните, а средствата ќе се наменат за двете најавени иницијативи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)