Втора обука во рамки на проектот „Преку границите – обединети за промена“
Регионалниот центар за застапување од Делчево ја заврши втората обука од проектот ,,Преку границите”. Во рамки на тридневната работилница одржана од 16 до 18 јули во Дојран, младите од Делчево се обучуваа на тема ,,Медиумска писменост” и како да препознаат лажни вести.
-На обуката младите имаа и сегмент за Дигитална писменост, со цел младите да се описменат и во делот на анализа на дигитални содржини, кои што можат да ги најдат на интернет, меѓутоа и на телевизија и други електронски и печатени медиуми кои ги користат. Можам да кажам дека младите се навистина доста активни, овие денови се вклучуваат во дискусии, со споделување на примери кои секојдневно ги среќаваат како лажни вести и дискутираме во однос на тоа колку и на кој начин го користат интернетот, како алатка која е најпопуларна би рекла меѓу нив, посебно Тик Ток и Инстаграм, истакна координаторот на проектот Родне Деолска.

Истакна уверување дека научените искуства од обуката ќе им послужат на учесниците понатаму во образовниот процес.
-Сигирна сум дека ќе им послужи искуството, бидејки ова се млади кои многу често доаѓаат на обуки и досега биле дел од различни работилници, различни тренинзи за јакнење на капацитетите. Онаа што им сугериравме нели сите тие информации кои што ќе ги научат и тие се однесуваат само за младите, се однесуваат подеднакво за сите генерации за тоа им сугериравме тоа што ќе го научат да го споделат со нивните повозрасни членови на семејството и нивните потесни фамилии, додаде Деолска.

Во рамки на обуката како што додаде учесниците имале можност да креираат свои содржини, медиумски содржини во форма на видеа кои ќе бидат објавени на социјалните мрежи, а кои што опфаќаат теми кои што се актуелни за нив.
Во текот на месец август Регионалниот центар за застапување планира уште една обука, а потоа во месец септември ќе следува и Младински камп кој четврта година по ред се организира на планината Голак во Делчево.

Проектот финансиски е поддржан од амабасада на САД во Скопје за што изразија благодарност за поддршката која ја даваат за младите да учествуваат во креирање на содржини надвор од образовниот процес.
