Настан за подигнување на јавната свест во рамки на проект на Еразмус +

На 23 јули во Хотелот Истатов се одржа последната јавна актвност во рамки на проектот Чекори до Еразмус +. Овој настан беше со цел да се споделат позитивните резултати и она што е направено во рамки на проектот во изминатите 12 месеци. Пред присутните млади лично и оние кои беа присутни онлајн се презентираа клучните продукти кои беа креирани за времетрањето на проектот. Клучниот производ се разбира беше креирањето на Тренинг програмата и подготовка на интерактивна презентација за нејзино полесно совладување од страна на целните групи.

Со овој настан заокруживме уште еден успешен проект финансиран преку Еразмус + Програмата во кој работевме заедно со проектниот лидер Институт за културно наследство Бугарија и организацијата Интерактива од Хрватска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)