
Во рамки на проектот „Надвор од границите – обединети за промена“ и оваа година се одржува веќе традиционалниот младински летен камп во организација на РЦЗ. Оваа година кампот ќе се одржи на 26-27 Август на Езеерото Сандански со концепт како и претходните кампови – ноќевањето е во шатор и сите предвидени активности ќе се одвиваат на отворено. Во однос на активностите тие ќе бидат со фокус на развивање на знаења, вештини и способности за гаснење пожари со професионални пожарникари и претставници на доброволни противпожарни друштва од регионот. Поради екстремните временски појави последните години во нашиот регион се создаваат услови за шумски пожари и пожари на отворено во последните 3 години. За да се ублажат сите негативни влијанија, ова е многу важна тема за конкретни чекори во заштитата на животната средина и здравјето на луѓето особено за младите. Преку оваа сесија учесниците на кампот ќе стекнат увид и интерес да станат доброволни членови на полето на итни служби. Ќе развиваат лидерски вештини и ќе добијат поддршка од професионалци со цел да станат корисни членови во локалната заедница. Тие, исто така, ќе се здобијат со зголемена свест за волонтирање и/или кариера во противпожарните/итни служби.
Меѓудругото во рамки на кампот ќе се одржуваат и рекреативни активности, ќе се спортува, вежба јога, ќе се подготвуваат рачни изработи, ќе се готви и сл.
Бидејќи бројката на учесници е ограничена ги охрабруваме сите млади од регионот на возраст од 15 до 30 години да се пријават преку регистрација на следниот линк – МЛАДИНСКИ КАМП ’24- ЛИНК ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА УЧЕСНИЦИ – Google Forms. Транспортот, храната, камперската опрема и материјалите за сесиите се обезбедени од страна на организаторот.
Проектот е финансиран од Амбасадата на САД во Скопје.