Заврши проектот ,,Зелен баланс – локални акции за здрави заедници” – Делчево ја доби првата урбана градина

Со свеченото пуштање во употреба на урбаната градина во дворот на ОУ Ванчо Прке во Делчево успешно се означи крајот на проектот „Зелен Баланс – локлани акции за здрави заедници“ кој РЦЗ го спроведувше изминатите 6 месеци со финансиска поддршка од Европската Унија, регрантиран преку Мрежата за рурален развој на Македонија преку програмата од Фарма до виљушка.

Градината ќе биде на располагање не само за учениците од ова училиште, туку и за останатите ученици од општина Делчево. Пред свеченото пуштање на градината проектниот тим одржа презентација на резултатите од проектот, по што се одржа и и настан за размена на автохтони семиња со цел знаењето за начинот на садење потоа да се искористи за градината.

Проектот наиде на поддршка од Општина Делчево и од првиот човек на општината кој присуствуваше на настанот ги поздрави присутните и ја истакна важноста од вакви едукативни и еколошки проекти за младите и за заедницата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)